Израелски научници се подготвуваат за мисија на Марс
Група од шест израелски научници ја завршија четиридневната „Мисија на Марс" во пустината Негев, каде што одржаа симулација на условите на Црвената Планета, соопшти израелското Министерство за наука и технологија.
Д - Марс е првиот проект спроведен во Израел во соработка со Израелската вселенска агенција. Се работи за симулација на живот на Марс, една од многуте ширум светот. Експериментот е изведен во речиси ненаселено место, но геолошки специфично, коешто по својот изглед потсетува на Марс.
- Д - Марс е еднакво важен и за истражувањата и за интересот на јавноста. Голем дел од проектот се состои во тоа да ги привлечеме и студентите кои се заинтересирани за Вселената, изјави Гај Рон, физичар од Еврејскиот универзитет во Ерусалим.
Научниците испитуваа повеќе фактори поврзани со евентуална мисија на соседната нам планета, како што се сателитската комуникација, психолошки влијанија на изолацијата, радијација и барање знаци на живот под тлото.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници