-->
-->
Израелската полиција дозволи да се одржи протестот пред домот на Нетанјаху
-->
Израелската полиција издаде „појаснување“ по извештаите дека нема да дозволат протест поради неуспесите што доведоа до нападот на Хамас на 7 октомври да се одржи вечерва пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Цезареја, јави Тајмс оф Израел.
-Израелската полиција го смета правото на протест за камен-темелник на една демократска земја, се вели во соопштението и се додава дека демонстрациите мора да се одржат во согласност со законот и какви било упатства од Командата на Домашниот фронт.
Претходно, полицијата соопшти дека нема да се дозволи протест пред домот на Нетанјаху. Оттаму укажаа дека ќе ги растераат сите такви демонстрации бидејќи „не се дозволуваат демонстрации за политички или безбедносни прашања за време на војна“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
