Израелската армија соопшти дека во изминатите денови фрлила 6.000 бомби врз Газа
Израелската армија денеска соопшти дека од почетокот на војната против Хамас, фрлила 6.000 бомби врз Појасот Газа.
Израел тврди дека напаѓа цели на исламскиот екстремистички Хамс, кој управува со Појасот Газа, палестинските власти соопштуваат за огромен број убиени цивили. Погодени беа и болници и засолништа на Обединетите нации.
Во воздушните напади загинаа цели семејства во своите домови. Министерството за здравство во Газа соопшти дека загинале цели 22 семејства, а само денеска на смртниот биланс се додадени 44 членови на иста фамилија.
Во меѓувреме, претставник на Хамас предупреди на дека доколку Израел се одлучи за копнена инвазија, тоа ќе биде катастрофа за израелската војска.
„За секоја акција преземена од непријателот имаме план“, изјави заменик-шефот на политичкото биро на Хамас, Салех ал-Арури.
Израелските власти не соопштија дека планираат копнена инвазија, но не ја ни отфрлија како опција. За таквата можност, израелската армија мобилизираше повеќе од 300.000 резервисти.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
