Израелската армија распореди булдожери пред болницата Ал Шифа, соопшти МЗ на Хамас
Министерството за здравство во Појасот Газа со кое управува палестинското исламистичко движење Хамас денеска соопшти дека израелската армија распоредила булдожери пред болницата Ал-Шифа, за која се сомнева дека Хамас ја користи како воена локација.
„Израелските булдожери уништија делови од јужниот влез“ на болницата, се вели во кусото соопштение на Министерството.
Израелската војска соопшти дека во моментот се извршува воена операција во болницата.
„Спроведуваме целна операција во болницата Ал Шифа. Продолжуваме да напредуваме“, изјави генерал-мајор Јарон Финкелман, кој е одговорен за операциите во Појасот Газа.
Армијата вчера почна операција во главната болница во Газа, што предизвика меѓународна загриженост и критики, а потоа ги повлече своите војници и тенкови. Според ОН во тој болнички комплекс има околу 2.300 луѓе, меѓу кои пациенти, лекари и раселени лица.
Ново на Сител
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Уапсени двајца 18-годишници во Скопје за палење огномет во денови на жалост
-
Семејствата добиваат поддршка
-
19 годишниот Јован од Виница успеал да спаси многу млади животи од катастрофата во дискотеката во Кочани
-
Коцевски: Сите закони и прописи постоеле на хартија, но речиси ниту еден не се применувал
-
Затворени уште два локали во Тетово, контролите продолжуваат
-
Се уште нема правда ниту за Ласкарци, ниту за модуларната болница – Можно ли е реотворање на судските процеси?
-
Црвен крст: Собрани повеќе од 30 милиони денари за семејствата на настраданите и повредените