Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински дрон

Експлозија одекна во складиште за нафта во рускиот регион Краснодар додека пожарникарите се обидуваа да го изгаснат пожарот што избувна по нападот со украинско беспилотно летало, соопштија регионалните власти.
„За време на гаснењето, поради намалување на притисокот во запалениот резервоар, дојде до експлозија на нафтени деривати и испуштање нафта“, се вели во соопштението на Телеграм, пренесе Ројтерс.
Пожарот се проширил на втор резервоар, а површината зафатена од пламените јазици сега е 10.000 квадратни метри, што е повеќе од двојно повеќе од првичната површина, наведуваат медиумите.
Во меѓувереме повеќе од 450 пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот, а две лица се повредени. Новинската агенција Интерфакс објави дека регионалните власти рекле дека зголемено ниво на штетни хемикалии, вклучително и бензен, биле откриени во воздухот на две блиски локации.
Магацинот, кој се наоѓа во близина на селото Кавказскаја, се наоѓа на железничкиот терминал за снабдување со руска нафта поврзан со нафтовод што го поврзува Казахстан со Црното Море. Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека Украина го прекршила предложениот прекин на огнот со напад на складиштето.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да се приклучи на прекинот на огнот за кој во вторникот разговараа американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, доколку се постигне документиран договор со Русија.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
