Израелците приведоа ирански „оперативец на терористичката мрежа“
Израелската војска приведе ирански шпион за време на операцијата на специјалните сили во Сирија што се одржа во последните месеци, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ).
Армијата уапсила сириски државјанин во областа Саид во северна Сирија и го донела во Израел на сослушување, објави ИДФ. Тој беше опишан како „оперативец на иранската терористичка мрежа“.
Мажот беше обвинет дека собирал разузнавачки информации за израелската армија во пограничната област „за идните терористички активности на мрежата“. Неговото апсење наводно го спречило нападот.
Дополнително, откриена е операција на иранските терористички мрежи во близина на Голанската висорамнина.
Голанската висорамнина е стратешки важна планинска висорамнина која се протега на 60 километри во должина и 25 километри во ширина.
Платото беше окупирано од Израел во Шестдневната војна во 1967 година, а анектирана во 1981 година.
Голанската висорамнина не е меѓународно признаена и според меѓународното право се смета за сириска територија под израелска окупација.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза