Израел уништи тунел на Хамас
Израел соопшти денеска дека уништил тунел на исламистичката група Хамас, што се наоѓал во близина на границата и го затворил главниот граничен премин со Појасот Газа.
- Тунелот беше долг околу еден километар. Го копале неколку месеци, а ние го следевме тоа неколку недели, наведе портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус.
Израелската војска соопшти дека со помош на воените авиони бил уништен тунелот што го изградил Хамас со цел да им помогне на екстремистите да преминат во Израел.
Како што јави МИА, во петокот за време на протестите на Палестинците на израелската граница во Појасот Газа, е убиен еден Палестинец, а повредени се речиси 50 лица.
Над десетина демонстранти упаднаа во терминалот „Керем Шалом“ од страната на Појасот Газа, а Израел го затвори граничниот премин.
Израелската војска соопшти дека преминот ќе биде затворен се додека не се поправи штетата.
- Повторно ќе биде отворен во согласност со процената на ситуацијата. Во меѓувреме, преминот ќе биде отворен само за пренесување на хуманитарна помош, додаде израелската војска.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата