-->
-->
Израел се обиде да го убие иранскиот безбедносен функционер Лариџани
-->

Израел се обиде да го убие влијателниот ирански функционер Али Лариџани, јавија денеска локалните медиуми, пренесе ДПА.
Генералниот секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран беше цел на воздушен напад во текот на ноќта, објавија денеска повеќе израелски медиуми.
Во извештаите се цитираат неименувани израелски претставници кои велат дека останува нејасно дали Лариџани е убиен или повреден во нападот.
Израел во тековната војна веќе уби десетици водечки фигури од иранските власти. Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, беше убиен во израелски воздушен напад во главниот град Техеран на 28 февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
-

Мурињо се согласи на двегодишен договор со Реал, услов е Перез да биде реизбран
