Израел рекетираше воен комплекс на Хамас
Израелските воздухопловни сили утрово бомбардираа воен комплекс на исламистичкото движење Хамас во Појасот Газа. Нападот е одговор на претходно истрелана ракета, која падна на отворено подрачје во јужниот дел на Израел.
Израелските медиуми објавија дека во инцидентот никој не е повреден ниту е причинета материјална штета. И палестински извори наведоа дека во израелската одмазда исто така нема жртви, но оти е причинета материјална штета откако биле погодени Кан Јунис во јужниот дел и Дир ел-Балах во централниот дел на Појасот Газа.
Од 6 декември откако американскиот претседатал Доналд Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел, Палестинците од Газа истрелаа 18 ракети и мини. Ракетите ги истрелуваат воглавно помали палестински екстремистички организации, но за Израел, Хамас е одговорен за насилството.
- Откако пред две недели уништивме тунел кој навлегуваше на наша територија, Израелските одбранбени сили (ИДФ) нападнаа околу 40 цели на Хамас, изјави премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во неделата на владина сединца.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции