Израел потврди дека нападнал и уништил сириски нуклеарен објект во 2007 година
Израелската армија денеска потврди дека во 2007 година нападнала и уништила таен нуклеарен реактор во соседна Сирија за време на воздушна операција.
Постоеја претпоставки дека Израел стои зад воздушниот удар на непријателска територија, во регионот на Ал Кибар, но ова е првпат таа држава отворено да презеде одговорност за нападот со објавување на декласифицираните документи за случајот.
- Ноќта на 5 спроти 6 септември 2007 година, авиони на израелските ВВС нападнаа и уништија сириски нуклеарен реактор во процес на изградба, се вели во соопштението на израелската армија.
-Реакторот беше речиси завршен и операцијата овозможи да се елиминира постоечка закана за Израел и целиот регион, потенцира армијата на Израел.
Сирија одрекуваше дека станува збор за нуклеарен реактор. Но, Меѓународната агенција за атомска енергија изјави во 2011 година дека е „многу веројатно“ нападнатиот објект да бил реактор, можеби изграден со помош на Сеаверна Кореја.
-Нуклеарен реактор во раце на Асад ќе има сериозни последици за целиот Блиски Исток, посочува израелската армија.
Декласифицираните документи, исто така, откриваат дека операцијата била подготвена во целосна тајност и дека биле вклучени четири Ф-15 и четири Ф-16 борбени авиони.
Ново на Сител
-
Тројца сведоци на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
33 години затвор за 13 велешани за силување малолетничка
-
Сирени за тревога во Киев, затворени неколку амбасади
-
Владата без дилема дала поддршка за кандидатурата на Шеќеринска, Мицкоски телефонски и честитал
-
Владата ја следи ситуацијата
-
Уставниот суд ќе расправа за 20-тина дена за Законот за јазици
-
Скопје остана без јавен превоз, автобусите на ЈСП немаат гориво - Хаос по постојките
-
За еден месец храната поскапела за 600 денари, кошницата надмина 62,000 денари