Израел негира дека има прекин на огнот за да дозволи влез на помош во Газа

Израел ги негира информациите дека се согласилe да се запре огнот во јужниот дел на Газа за да се дозволи отворање на граничниот премин Рафах.
-Во моментов нема прекин на огнот за хуманитарна помош во Појасот Газа и за излез на странци, се вели во кусото соопштение од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјау.
Претходно, западни медиуми објавија дека Египет, Израел и СAД се договориле за прекин на огнот во јужниот дел на Газа со почеток во 8 часот по средноевропско време (9 часот по локално време), што треба да се совпадне со повторното отворање на граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет.
Извори за западни медиуми посочија дека прекинот на огнот ќе трае неколку часа, но не прецизираа колку долго.
Запрашани за потврда, израелската војска и американската амбасада во Израел немаа моментален коментар. Официјални лица од Хамас што владее во Газа не го потврдиле тоа.
Има конвој камиони со хуманитарна помош што чекаат да влезат во Газа. мс/фото:
Ново на Сител
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
