Израел му забранува на Црвениот крст пристап до палестинските затвореници

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека му забранил на Црвениот крст пристап до Палестинците кои се притворени од војската на земјата, соопшти неговиот кабинет.
Министерот „потпиша декрет со кој им се забранува на претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст да ги посетуваат затворениците кои се држат во согласност со законот за притвор на нелегални борци“, се наведува во соопштението, со тврдење дека таквите посети „би ја загрозиле националната безбедност“ на Израел.
Според израелскиот закон, категоријата „нелегални борци“ овозможува неограничен притвор без никакво обвинение, во воени центри за притвор.
Израелската војска денеска најави враќање на примирјето во Појасот Газа, откако вчера изврши повеќе напади, во кои, според нивни тврдења, биле погодени десетици терористички цели.
МИА
Ново на Сител
-

Истрага за загрозување на животна средина
-

Филипче на средба со земјоделците
-

Со вежба за помош на мигранти во Струмица одбележан Денот на првата помош
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
