Истрага за загрозување на животна средина
Три лица од Кавадарци, Штип и Струга осомничени за палење отпадни кабли кај депонијата Буково за да вадат бакар.
- Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик и мерка притвор за осомничените, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката.
Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата “Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот, велат од обвинителство.
Овие лица биле затекнати од страна на чуварската служба на ЈП Охридски Комуналец по што веднаш реагирале и ги предупредиле лицата да го напуштат просторот но тие одбиле да си заминат од депонијата по што случајот бил пријавен во полиција.
- Портпаролот на СВР Охрид Димоски вели дека од слобода е лишено и 60 годишно лице од струшкото село Враништа кој се сомничи дека предизвикал пожар на сува трева и стрниште на отворен простор во атарот на селото.
- По целосно документирање на настанот и против ова лице како што најавија од полицијата ќе биде поднесена соодветна пријава.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
