Loading Video...
Свет
25. August 2024 - 16:38

Израел изврши воздушен напад врз Либан

Ескалираше ситуацијата на Блискиот Исток. Израел почна интензивни воздушни напади во Јужен Либан тврдејќи дека ова го прават за да спречат напади со ракети и проектили кон нивната територија од страна на Хесболак. Израелскиот Премиер на  почетокот на вонредна седница на кабинетот за национална безбедност рече дека успшеале да спречат многу проектили. Снимките изгледаа како да има огномет над небото.

- Утрово ги откривме подготовките на Хезболах за напад на Израел. Во консултација со министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на ИДФ ѝ наредивме на нашата војска да дејствува проактивно за да ги елиминира заканите“, рече израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху.

Според првичните информации има најмалку три жртви во нападите врз Либан, додека нема извештаи за загинати во Израел, откако Хезболах објави дека возвратиле на нападите со ракетирање на израелски воени позиции.

Голем број летови беа откажани кон и од меѓународниот аеродром во Бејрут.

Либанската Влада свика итна седница. Привремениот министер за економија вели дека ситуацијата сега се потпира на преговорите во Каиро каде продолжија преговорите за мир во појасот Газа.

- „Главните играчи кои денес ја следат ситуацијата се Французите, Американците, Катарците и голем број арапски земји како Египет и други. Амбасадорите беа контактирани по она што се случи денеска и се чини дека потпирањето сега е на тоа што ќе се случи во Каиро денес и утре, верувам дека во следните 24 часа ќе го надминеме она што се случи во зори и ќе одиме во позитивна насока, така што и земјата и народот да бидат спокојни“, изјави Амин Салам, привремен министер за економија на Либан.

Конфликтот во појасот Газа трае 10 месеци.

Состојбата на Блискиот ја набљудува и Западот. Од Белата куќа информираа дека претседателот Бајден внимателно ги следи најновите случувања помеѓу Израел и Либан.