Израел изврши серија напади врз Либан
Израелски борбени авиони синоќа бомбардираа цели на Хезболах во јужен Либан и погодија стотици ракетни фрлачи што беа подготвени за напади врз израелска територија.
Војската соопшти дека нејзините борбени авиони од синоќа погодиле околу 100 ракетни фрлачи способни да истрелаат вкупно околу 1,000 проектили.
„ИДФ (Израелските одбранбени сили) ќе продолжат да дејствуваат за ограничување на инфраструктурата и можностите на терористичката организација Хезболах со цел да се заштити државата Израел“, се вели во соопштението на вооружените сили.
Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека е итно потребно дипломатско решение, а Британија повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.
Интензивното гранатирање уследи по нападите претходно во текот на неделата, кои Либан и Хезболах му ги припишуваат на Израел, во кои експлодираа радија и пејџери на Хезболах, при што загинаа 37 луѓе, а беа ранети околу 3,000 во Либан.
Израел во вторникот го предупреди американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во телефонски повик дека ќе биде извршена воена операција во Либан, но не даде никакви детали, изјавија американски официјални лица.
За време на синоќешната операција, израелските сили исфрлија десетици бомби во јужен Либан, соопштија три либански безбедносни извори. Во моментов нема извештаи за жртви.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица