Израел и САД успешно го тестираа противракетниот систем „Стрела-3“

Израел и САД денеска го изведоа првото успешно тестирање на системот за противракетна одбрана „Стрела-3“, јави ДПА.
- При тестирањето беше погодена балистичка ракета, информира израелското Министерство за одбрана.
Израел располага со системот за противракетна одбрана со среден достел, насочен кон Појасот Газа. „Стрела“ е ракета со поголем дострел, што може да одбива напади, на пример, од Иран.
Израел во минатото се обиде да изведе тестирања на неколку модели од системот, а во 2014 година имаше еден неуспешен тест со верзијата „Стрела-3“.
Ракетата чини околу три милиони долари.
„Стрела-3“ е наменета за уништување цели надвор од атмосферата, откако ќе ги пресретне ракетите поблиску до нивните лансирни рампи. Таа се произведува во соработка меѓу компанијата „Израел Аероспејс Индустрис“ и американскиот авијациски гигант „Боинг“.
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
