Израел демантира дека почнал копнена операција во Појасот Газа
Израел отвори артилериски оган и изврши повеќе воздушни напади врз палестинските милитанти во Појасот Газа, по ракетирањето на израелска територија, но израелската војска наведува дека немало копнена инвазија.
Судирите влегоа во петтиот ден, без знаци на олеснување, соопшти израелската армија по полноќ, откако копнени сили претходно ја нападнаа таа област. Потоа следуваше ракетирање од Газа кон Израел.
Во моментот додека репортер на Би Би Си известуваше во живо од Газа, израелски ракети погодија солитер и го срамнија со земја.
Иако израелската војска не соопшти повеќе детали, израелските воени репортери кои добиваат информации од вооружените сили велат дека немало копнена инвазија и дека војниците пукале од артилериски батерии од израелската страна на границата.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека операцијата ќе продолжи некое време.
Израелските власти изјавија дека мора силно да се соочат со Хамас и да му зададе силен удар пред да се случи каков било прекин на огнот.
Советот за безбедност на Обединетите нации в недела ќе расправа за ескалацијата на насилството меѓу Израел и палестинските милитанти од редовите на Хамас.
Инаку Хамас, со значење Исламско движење на отпорот е палестинска сунитско-исламистичка организација, која има цивилно и воено крило. Во јануари 2006 година на палестинските парламентарни избори Хамас освои мнозинство во палестинските парламент, победувајќи ja партијаta Фатах, политички огранок на Палестинската ослободителна организација.
Канада, Европската унија, Израел, Јапонија и САД го сметаат Хамас за терористичка организација. Австралија, Нов Зеланд, Парагвај и Велика Британија го квалификуваат за терористичка организација само нивното воено крило. Од друга страна, Бразил, Кина, Египет, Иран, Норвешка, Катар, Русија, Сирија и Турција не ја карактеризираат како терористичка група. Во декември 2018 година Генералното собрание на Обединетите нации ја одби резолуцијата на САД со која се прогласуваше Хамас за терористичка организација.
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно