Изработен календар за 2019 година со творби од децата со попреченост
По повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, Агенцијата за млади и спорт изработи календар за 2019 година со творби од децата со попреченост, кои на предходно објавениот конкурс доставија свои дела.
–Агенцијата за млади и спорт целосно ги поддржува лицата со хендикеп преку многубројни активности низ годината, и да порачам да не дозволиме 3 Декември да биде само еден ден во годината, да придонесуваме кон обезбедување на инклузивност и еднаквост. Секој ден е 3 Декември, изјави Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт, на промоцијата во ОУ „Невена Георгиева Дуња”.
Со овој настан, како што информираат од Агенцијата за млади и спорт, се дава свој придонес во подигнување на свеста за потребите на лицата со хендикеп, но и нивна интеграција во секојдневниот живот.
Меѓународниот ден на лицата со хендикеп секоја година се одбележува на 3 Декември низ целиот свет. Темата за оваа година е „Оспособување на лицата со попреченост и обезбедување инклузивност и еднаквост”.
Разните мерки кои ги превземаат од Владата на РМ и ние како Агенција за млади и спорт се фокусираат токму на зајакнување на лицата со попреченост за инклузивен, правичен и одржлив развој.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила