ОН изнесоа драматични податоци за хуманитарната состојба во Авганистан
Обединетите нации проценуваат дека на 3,3 милиони Авганистанци ќе им биде потребна хуманитарна помош за да ја преживеат 2018 година.
Поради конфликтот меѓу авганистанската армија и талибанските исламисти, над 360.000 лица биле рассепени во текот на годинава. Уште 560.000 бегалци од Авганистан кои побарале засолниште во Пакистан и Индија се враќаат во земјата, што дополнително ја влошува состојбата.
Вкупно над 900.000 луѓе живеат во привремени кампови низ Авганистан, во крајно лоши услови, соопшти канцеларијатa за координација за хуманитарни прашање на ОН.
Половина од населението на Авганистан - околу 14 милиони луѓе - живеат во областите кои се погодени од долгогодишниот воен конфликт, а над една третина од децата имаат психолошки трауми поради убиството на некој член од семејството или затоа што живеат во постојан страв од напад.
Во најзагрозените области, бројот на истрауматизирани деца се искачува на 68 проценти. Во првите девет месеци на 2017 година биле убиени или ранети 2.480 деца, соопштија ОН.
Хуманитарната состојба е дополнително влошена од општата сиромаштија на земјата, како и од фактот дека 10 милиони жители немаат пристап до основна здравствена заштита.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
