Изнајмување велосипед од СЦ Борис Трајковски, 50 денари за секој час
Од денеска до 15 октомври годинава граѓаните во Скопје ќе можат да изнајмат велосипед од Скопскиот центар Борис Трајковски - ВИП Арена за 50,00 денари за секој започнат час, започнувајќи од моментот на изнајмувањето на велосипедот.
Велосипедите ќе можат да се изнајмат веднаш до службениот влез на Центарот секој работен ден од понеделник до сабота со работно време од 7 до 22 часот и во недела со работно време од 17 до 21 часот.
- “Изнајми велосипед-Ајде да возиме заедно“ одлично се вклопи во широката лепеза на содржини што ги нуди Спортскиот центар Борис Трајковски. Интересот на граѓаните за изнајмување на велосипед е огромен со оглед на местоположбата на која се наоѓаме односно близината на кејот на реката Вардар каде што започнува рекреативната патека, вели директорот на СЦ Борис Трајковски - ВИП Арена Златко Перински.
Во Спортскиот Центар на граѓаните ќе им бидат понудени 20 велосипеди од најразлични видови.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата