Изминатото деноноќие во Скопје санкционирани 41 возач за брзо возење

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се санкционирани 41 возач за брзо возење, шест биле под дејство на алкохол, 28 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.
Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди, од кои во седум со лесни телесни повреди се здобиле девет лица и во две е причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција издала 132 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 87 возила.
Од сообраќај се исклучени и 20 нерегистрирани возила, четири технички неисправни и едно возило за претовар. На црвено светло поминал еден возач, четири возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престројување, тројца возачи за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи не користеле заштитен шлем, шест за не носење сигурносен појас и 17 користеле мобилен телефон.
Снкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
-

Штип: 21-годишник ја претепал поранешната сопруга и ја одзел нивната малолетна ќерка
