Изминатите два дена 1.296 сообраќајни прекршоци, 196 за брзо возење
Во првите два дена (01/02.04) од овој месец продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 1.296 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Притоа, заради неправилно паркирање евидентирани беа 393 прекршоци, 196 за возење со брзина поголема од дозволената, потоа изречена е 101 мерка за управување на возило без возачка дозвола и дури 199 санкции за прекршоци што ги сториле пешаци.
Покрај ова детектирани се 72 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, шест возачи на мотоцикл кои не носеле заштитна кацига, 32 санкции се изречени за користење мобилен телефон при возење, додека пак 16 возачи се отстранети од сообраќај поради возење под дејство на алкохол, а изречени се осум мерки за минување на црвено светло.
По однос пак на Законот за возила од сообраќај се отстранети 38 возила од кои 14 поради техничка неисправност, а 24 затоа што биле не регистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер