Измените во Законот за органско земјоделство во собраниска процедура
Со најновите измени на Законот за органско земјоделско производство јасно се разграничуваат ингеренциите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Државниот инспекторат за земјоделство.
Како што рече денеска ресорниот заменик министер Ванчо Костадиновски, образложувајќи ги измените пред матичната собраниска комисија, инспекторатот ќе биде надлежен за примарното органско производство, семето и садниот материјал, додека под АХВ ќе бидат преработките на примараните органски производи.
- Измените се генерално во насока на усогласување на нашата регулатива со постојните директиви на ЕУ за органското земјоделство. Со оглед дека се подготвува нова директива, ќе следуваат уште едни измени за целосно доусогласување, истакна Костадиновски.
Според пратеникот Љупчо Димовски од Социјалистичката партија, Македонија прва во регионот воведе органско земјоделско производство и прва го регулираше со донесување на Законот во 2009 година.
За измените и дополнувањата на Законот за органско земјоделско производство денеска ќе се расправа и на собраниската Комисија за европски прашања.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот