Измените на законите за СЈО и заштита на сведоци на собраниска седница
Собранието на Република Македонија на денешната 123-та седница ќе го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.
На дневниот ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за енергетика и на Законот за минерални суровини, по скратена постапка.
Пратениците, како што е најавено, ќе расправаат и по Предлог законот за дополнување на Законот за административни службеници и Предлог законот за изменување на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по скратена постапка, поднесени од пратениците од опозицијата
Се очекува на оваа собраниска седница, пратениците да дискутираат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, по скратена постапка.
На агендата на денешната седница е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли