Македонија
28. July 2021 - 17:18

Измените на Изборниот законик влегоа во Собраниска процедура - за помалите партии се неприфатливи

Малите парламентанри партии застануваат против предлогот на поголемите парламентарните партии да се воведе изборен праг од 3 отсто од запишаните гласачи  за влез на советници во општиниските совети и 2 отсто од гласачите за поднесување на независни  кандидатури.

Против решението уште вчера застана и Павле Трајанов од Демократски сојуз. Сите најавуваат амндамни, па дури и блокада.

Реагираат и граѓанските здруженија.

Споредбено, во Косово нема праг, во Црна Гора прагот е 08,8 отсто, во Албанија прагот е 1 отсто, во Србија за кандидатура потребни се 30 потписи, во Кипар и Малта се потребни сао 4 потписи, а во Грција потребни се 12, а во Германија или Данска околу 200 граѓански потписи за кандидатура.

Шефот на државата Пендаровски пак, апелира да се почитува препораката на обсе/одихр да не се прават измени на изборните правила 6 месеци пред изборите. Доколку сепак, се прават измени тие да бидат донесени со политички и општествен консензус.

 „...во делот кој би пропишал независните советнички групи да треба да соберат потписи од два проценти од вкупниот број на избирачи запишани во една општина, претседателот Пендаровски смета дека треба да се предвиди понизок праг со цел да се овозможи поголемо учество на граѓаните во изборниот процес“, велат од кабинетот на Пендаровски

Измените во парламентот влегоа денеска како предлог на Јован Митрески од СДСМ, Никола Мицевски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, Арбен Адеми од ДУ и Скендер Реџепи, како координатор на Алијанса и Алтернатива.

Министерот за правда Маричиќ кој ја водеше работната група се надева дека измените ќе бидат донеснеи пред изборите. Вели дека праговите од 2 отсто за независни листи и за 3 отсто за влез во совет се компромисни, но одбир решенија.

Од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска не сакаа да ги коментираат најавените измени.