Измени на Изборниот законик и избор на гувернер на НБРМ и директор на ОТА на пленарната седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја почне 46. седница на која се очекува на дневен ред да бидат ставени измените на Изборниот законик, по скратена постапка, кои се однесуваат на избор на членови на ДИК, но и изборот на нов гувернер на Народната банка на Македонија (НБРМ).
На оваа седница има и други значајни точки, како предлог одлуката за јавен оглас за избор на директор на Оперативно-техничката агенција, извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), предлог на одлука за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница до крајот на годината.
На дневен ред е и Предлог-законот за акцизите на опозицијата, како и годишните извештаи за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2017 година и на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциот надзор и прекршочната постапка за 2017 година.
Пратениците ќе расправаат и за Предлогот за избор на претседател и комисионери (членови) на Комисијата за хартии од вредност, Предлог на закон за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција, како и за Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето.
Во второ читање на дневен ред се и предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронско управување, Дополнет предлог на закон за изменување на Законот за заштита на природата - и Дополнет предлог на закон за изменување на Законот за животната средина
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години