Изменет сообраќаен режим во Скопје од петок до понеделник
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во деновите (16.10), петок , 17.10 (сабота) и 18/19.10 (недела - понеделник) поради снимање на филм, ќе има привремен прекин на сообраќајот на дел од сообраќајниците во централното градско подрачје.
На 16.10.2020 (петок) во времето од 11.00 до 14.00 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на ул. “Даме Груев“, а во време од 14.00 до 18.00 часот на ул.„Димитрие Чуповски“,кај автобуската постојка спроти театарот за деца и млади и во времето од 14.00 до 17.00 часот на бул. “ВМРО“ на автобуската постојка пред Пошта на Северна Македонија.
Исто така, на 17.10. (сабота) во времето од 14.00 до 17.00 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на бул.„ВМРО“ на истата локација и во времето од 20.00 до 23.00 часот на бул.„Партизански одреди“ (кај првата автобуска постојка од
страна на хотел „Дувет“ до пред ул. „Аминта Трети“) во Скопје.
И на 18/19.10. (недела/понеделник) во времето од 17.00 до 01.00 часот на ул.„Св. Кирил и Методиј“ од паркинг и автобуска постојка пред влезот на ТЦ „Рамстор“ до НЛБ Банка.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Ново на Сител
-
„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина
-
Нетанјаху испраќа високи преговарачи на разговорите во Катар за постигнување договор за заложниците
-
Силекс ги почна подготовките
-
Околу 50 повредени во судир на два трамваи во Стразбур, петмина потешко
-
ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош