-->
-->
Измамен старец во Охрид: Еве како купил обични тенџериња за 550 евра
-->
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Г. (30) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама”. На 7. април околу 09.50 часот на ул.„Галичица“ во Охрид пријавениот го пресретнал Б.Т. (83) во с.Негорци, гевгелиско, лажно му се претставил дека доаѓа од Унгарија и дека вршел презентација на тенџериња и тави во Битола, по што, бесплатно, на оштетениот му дал комплет тенџериња и тави под изговор дека не можел да ги враќа предметите.
Откако продолжиле со разговор на оштетениот му побарал да му позајми 550 евра за да си купи авионска карта. Откако му побарал уште 550 евра и бил одбиен од оштетениот, пријавениот ги зел 550-те евра (33000 денари) и се оддалечил во непознат правец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата