Измамен и огрaбен Бугарин во Кривогаштани
Вчера во 09:00 часот во Полициска станица Прилеп П.К.(43) од Софија, Р.Бугарија пријавил дека на 16.09.2018 година во присуство на двајца неговите блиски пријатели дошол во Република Македонија со цел да изврши откуп на пиперки од село Обршани, општина Кривогаштани.
Откако оштетениот ја извршил исплатата на договорената роба и истата била товарена во камион заедно со целокупната документација , истиот се упатил кон Р.Бугарија. Откако товарното моторно возило не пристигнало на договореното место пријавителот се обидел да оствари контакт со повеќе лица по што сфатил дека е измамен.
Со стореното кривично дело е предизвикана материјална штета на правното лице од Р.Бугарија во висина од 483.640 денари.
На вчера во Полициско одделение Кривогаштани е повикано лицето Н.Х.(46) од село Обршани, општина Кривогаштани и од лицето одземена е документација од правното лице што го застапува. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници