Измамен 77-годишник, дал 10.000 евра за наводно да ја спаси внуката од лажна сообраќајка

На 19.09.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје 77-годишен маж од кумановско пријавил дека истиот ден на фиксниот телефон му се јавило лице кое му се претставило како полициски службеник и му рекло дека неговата внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало, а неговата внука била повредена и се наоѓала во болница во Скопје.
Потоа му рекло дека доколку не сака таа да оди во затвор, морало да донесе пари во Скопје. Пријавителот дошол во Скопје и, како што му било кажано од лицето, ја оставил торбата во која имало околу 10.000 евра во канта за отпадоци кај клупите во близина на Жена парк. Подоцна, пријавителот сфатил дека бил измамен односно дека немало никаква сообраќајна несреќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
