Изложба „Впечатоци“ на Славица Јанешлиева во Њујорк

Изложба на графики од Славица Јанешлиева насловена „Впечатоци“ ќе биде отворена денеска во Македонскиот културен центар во Њујорк. „Впечатоци“ ги обединува графичките циклуси Хаику 1 и 2, Булки, Импресии и Галичник.
Од декември 2012 до февруари 2013 година „Впечатоци“ беше претставена во галерискиот простор на Мала станица во Скопје, а потоа и во Магаза во Битола во 2014 година.
Славица Јанешлиева (Скопје, 1973) е редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што дипломирала во 1996 и магистрирала во 1998 година.
Изложувала на над 200 групни изложби, а ова е нејзино 25-то самостојно претставување. Нејзини дела се наоѓаат во колекциите на 17 музеи - во Македонија, Србија, Полска, Франција, Унгарија, Романија, Белгија, Финска, САД и Јапонија.
Изложбата на Јанешлиева во Њујорк е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и ќе биде отворена до 9 ноември 2017.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
