Македонија
26. October 2017 - 14:04

Изложба во Париз на македонската уметница Хаџи-Николова Малашев

 

Гевгелиската уметница Гордана Хаџи-Николова Малашев од 23 од 30 октомври има изложба во Париз насловена „Засекогаш заедно“ на која се претставени дела кои ги создала во едномесечниот престој во овој град.

- Во фокусот на интересот на најновите дела на Хаџи-Николова Малашев се светлото и сенката. Тие го прават видлив светот што не опкружува. Без нив видливиот свет би бил мртов, исто како и нашата имагинација, креативноста и потребата за уметничко изразување. Светлото ја претставува животната енергија, а сенката го пречкртнува светлото или животот,се вели во рецензијата на изложбата.

Проектот на Гордана Хаџи-Николова Малашев и нејзиниот престој во Париз се финансирани од Министерството за култура на Република Македонија.