Изложба „Традиционално килимарство во Кавадаречко“
По повод 8 Март, Локален музеј Кавадарци денеска ја отвори изложбата „Традиционално килимарство во Кавадаречко''. Автори на изложбата се Кети Ванчева и Томе Крстевски.
- На изложбата претставени се изработки на килими кои потекнуваат од Кавадаречко и биле сигурно дел од традиционалната Македонска куќа. Домашната изработка на килими и слични ткаенини кои служеле главно за покривачи, биле застапени во многу македонски краишта. Денеска немаме доволно историски податоци врз кои би можеле точно да утврдиме кога и каде прв пат во Македонија се појавило домашното килимарство. За употреба на килими се споменува во 16 и 17 век, турскиот патеписец Евлија Челебија го вбројува и Скопје меѓу килимарските центри од тоа време. Повеќе податоци за килимарството на Балканот упатуваат на Исток, од каде се пренела оваа културна придобивка со доаѓањето на Турците. Но, истовремено имаме и податоци дека килимарството било застапено и пред доаѓањето на Турците на овие простори, рече меѓу другото Крстевски пред присутните.
Изработувањето на килимите започнували со процесот на стрижење на овците и перење на волната, појасни Ванчева.
- Потоа волната се влачи или растресува, при што се одделува долгата волна од кратката. Долгата волна се користи како основа на килимите, по нејзиното одделување таа се преде и на крајот се бое. На почетокот се користеле природни бои кои биле многу стабилни и не бледееле лесно, при што давале благи пастелни тоналитети и хармонични склопови од нијанси. За добивање на боите се додавале корења од одредени билки: ореви за темно кафена – црна боја, индиго за модро плава, кромидот за жолто-кафените нијанси и крмозот за црвените. Килимите биле изработувани во техниката на лито ткаење, тие во Македонија а и во Кавадаречко се изработувале исклучиво на хоризонтални разбои, поради чија тесна основа тие се ткаени во повеќе дипли, кои потоа се соединувани давајќи ја финалната форма и димензија на килимот, додаде таа.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија
-
Притвор за сопственикот на отпадот по нападот врз новинари
-
Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите