Изложба „Спорни места“ на Гвијанг Хванг и Оливер Мусовиќ

Во Мобилната/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, поставена во Паркот на франкофонијата во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Спорни места“ на корејската уметничка Гвијанг Хванг и македонскиот уметник Оливер Мусовиќ.
Со изложбата „Спорни (Оспорени) места“ уметниците Оливер Мусовиќ и Гвијанг Хванг ги истражуваат просторните политики во специфичните контексти на три града - Скопје, Сеул и Лос Анџелес.
Тие се впуштаат во уметничко истражување на забележаните практики и стратегии на употреба и злоупотреба на урбаниот простор и земја - од импровизирани комунални (зеднички) простори, програми за отстранување на улични графити, герила градинарство, па до “urban decay” (урбано пропаѓање), нелегално запоседнување на земјиште и земјишни спорови.
Просторот е понекогаш спорен домен на идентитетот, од личниот, па до колективниот. Преку неговата географија, границите и промените може да се набљудуваат манифестациите на идентитетот, како и екстерните услови на политичката и социјалната борба.
Хванг и Мусовиќ се запознале при минатогодишниот резиденцијален престој на Оливер Мусовиќ во Сеул и ова е нивно прво заедничко претставување. И двајцата ќе претстават по две дела, серии од нивната понова продукција.
Гвијанг Хванг е родена 1983 година во Масан, Јужна Кореја. Дипломирала скулптура на Сеулскиот национален универзитет, а магистрирала на Калифорнискиот институт за уметност во 2012. Самостојно изложувала во САД и Јужна Кореја. Праксата на Хванг се состои од теренската работа и перформативни интервенции во урбан пејзаж.
Оливер Мусовиќ дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1997 година, а магистрирал во 2004. Досега имал 15-тина самостојни изложби во Македонија и пошироко. Учествувал и на бројни меѓународни изложби на современа уметност во земјата и странство.
Изложбата во Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности се реализира во рамки на проектот на ЦСУ „Мобилна култура – Солидарни граѓани“, а е подржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.
Ново на Сител
-

Серија пријави за семејно насилство во Скопје, Делчево и Штип за едно деноноќие
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
-

Лажно се претставил како лекар и измамил 67-годишна жена за 12.400 евра.
-

Макрон, Мерц и Стармер го осудуваат „убиството на демонстранти“ во Иран
-

ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места во државава
-

Родригез: Венецуела ќе се спротивстави на агресијата на САД преку дипломатски средства
-

18 годишникот кој усмрти жена кај ТЦ Беверли Хилс заедно со неговиот татко избегал од државата
-

Партиите од Гренланд: Не сакаме да бидеме Американци
