Македонија
11. November 2015 - 12:14

Изложба „Современа словенечка фотографија“ во Чифте Амам

Изложбата „Современа словенечка фотографија“, во организација на Фото сојуз на Македонија утревечер ќе биде отворена во Националната галерија на Македонија - Чифте Амам. Пред македонската јавност ќе се претстават 38 словенечки фотографи со 60 фотографии.

Оваа изложба е во рамки на манифестацијата „Денови на македонската фотографија“. На отворањето на изложбата ќе се обратат Боро Рудиќ и Александар Кондев. 

Фото сојузот на Македонија им се извинува на сите посетители и љубители на фотографијата кои, како што се наведува, дојдоа на предвиденото отворање на изложбата, на 9 ноември.

- Проблемите со електричната енергија се итно надминати и Програмата успешно се реализира, информира Националната галерија на Македонија.