Изложба со илустрации „Будење“
Изложба со илустрации „Будење“ денеска ќе биде отворена во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“. Организатори и иницајтори на изложбата се Ирена Мила и Анче Туфекчиева, мајка на дете со Даунов синдром.
Александар Матовски - Цако ќе ја отвори изложбата, а музички перформанс ќе има Сара Миленковска. Ќе се продава збирката поезија „Светот е жеден за збор“ од Тони Попов. Средствата од продажбата на книгите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Во светот денес живеат околу 7,5 милијарди луѓе. Околу 1 милијарда се лица со попреченост и ретка состојба. Од нив, околу 150 милиони се деца. Во нашата држава не може да се прецизира точна бројка колку лица живеат со попреченост или ретка состојба.
Постојат многу датуми посветени на лицата со пречки во развојот: Светски ден на лицата со Даунов синдром, Меѓународен ден за борба против аутизмот, Ден на лицата со ретки болести и други одредени денови.
Ново на Сител
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски