Изложба по повод 75-годишнината од востанието во логорот „Собибор“
По повод 75-годишнината од востанието во фашистичкиот логор „Собибор“ денеска во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе биде одржана презентација на изложба која раскажува за случувањата во логорот.
Настанот е организиран од Амбасадата на Руската Федерација во соработка со Фондот на холокаутот на Евреите од Македонија.
Во рамките на презентацијата се предвидени говори на амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Баздникин и претставници на Фондот.
Востанието во логорот на смрта „Собибор“, каде што беа убиени над 250 илјади Евреи од цела Европа, советски воени заробеници и антифашисти, се случи на 14 октомври 1943 година.
Тоа бил единствен случај за време на Втората светска војна кога затвореници од еден концлогор успеале сами масовно да се ослободат. Востанието беше предводено од страна на офицерот на Црвената армија, Александар Печерски.
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина