Изложба од „Вевчански видувања“ во Амбасадата во Париз
Изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ вчера беше отворена во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Париз по повод Денот на народното востание на Македонија.
На изложбата, под мото: „Пред и после бојата - слика многузборна“, беа претставени делата на 30 еминентни македонски сликари, како и на нивни колеги од Франција кои изминатите години имаат учествувано на ликовната колонија: Глигор Чемерски, Милош Коџоман, Мирослав Масин, Ниче Василев, Петар Попчев, Ставре Димитров–Стадим, Доне Милјановски, Таки Павловски, Павле Кузмановски, Емил Шулајковски и Станко Ѓорѓиев.... и француските учесници Клод Д’ервен, Ми-ан Хо, Сузел Билод, Весна Бајалска, Жакелин Делакрос и Сајед Дарвиш кои присуствуваа на свеченото отворање на изложбата.
Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ се одржува од 25 јуни до 10 јули во живописното Вевчани. Од основањето во 2010 година учествувале повеќе од 200 ликовни уметници од Македонија и од странство.
Сликите создадени на Колонијата во изминатите седум години беа претставени на поголем број изложби, меѓу кои и во Подгорица, Софија, Њујорк, Москва и низ градови во Македонија.
Ново на Сител
-
Николоски: Заеднички и одговорно ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници
-
Полицајци заедно со затвореник барале дрога во Штип, лажел дека бара часовник кој му го земал кучката Цеца
-
Кривична против три лица од Чешка, вршеле ископ на културни добра во мариовско
-
Зошто насмеаните стјуардеси и стјуарди го поздравуваат секој патник на влезот?
-
Совети за стомачните грчеви кај бебето
-
35-годишен маж од Тетово си ја заклучувал и тепал сопругата
-
Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни
-
Инзаги: Прво би ја забележал играта на Интер, не резултатот