Изложба на Владо Костов во АРТ-центарот во Скопје
Изложба на дела од уметникот Владо Костов ќе биде отворена вечер во 19:30 часот во Центарот за современа уметност АРТ од Скопје.
Постановката ја сочинуваат скулптури изработени од старо отпадно железо, што е и претпознатлив израз на Костов.
Владо Костов - Ваце е роден 1968 година во Скопје каде завршува на училиштето за применета уметност "Лазар Личеновски". По завршувањето на училиштето во 1987 година заминува во Лондон во студиото за анимација и карикатура Hollywood Road Film Production работејќи како цртач – соработник на Дарко Марковиќ.
Во 2005 година Костов го открива својот оригинален уметнички израз со изработката на првата негова скулптура од отпадно железо посветена на легендата на џезот - саксофонистот Чарли Паркер. Имено, со оваа скултура тој е дел од мултимедијалниот проектот „Омаж за Чарли Паркер“.
Костов е автор на неколку самостојни изложби, а учествувал и во групни изложби.
Центарот за современа уметност АРТ е сместен во зградата на бизнис центарот ОРКА Холдинг.
Ново на Сител
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Средба Мицкоски - Ердоган
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија