-->
-->
Изложба на скулптури од Каранфилова-Стевановска и Миле Брцески во Велес
-->
Народниот музеј од Велес во соработка со Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп организираше изложба на скулптури од Валентина Каранфилова-Стевановска, насловена „Македонија“, и од Миле Брцески, насловена „Компаративна игра“, која синоќа беше отворена во Ликовниот салон во Велес.
На изложбата се претставени четири реплики на штитовите на македонската фаланга во изработка на Каранфилова-Стевановска и пет скулптури изработени од Миле Брцески.
Елица Николова, историчар на уметноста и директор на Народниот музеј во Велес, на отворањето на изложбата рече дека репликите на штитовите на македонската фаланга ја пренесуваат идејата за љубовта кон татковината, за нејзината историја и традиција што, како што рече, остава белег врз поголемиот дел од творештвото на авторката.
- Следејќи го својот порив, трансформирајќи ја сложената приказна за македонското битисување, визуелно, уметнички ја претставува во едно постмодерно разбирање на уметноста. Во симболично претставените штитови, предадени со поголеми димензии и изработени со соодветни оригинални гравури, без оглед на медиумот и материјалот на изработка, се глорифицира македонското издигнување меѓу народите и вековната борба во опстојувањето на македонската нација, рече Николова.
За делата на Брцески, пак, рече дека нудат реалистично-фигуративен концепт. - Притоа е реализирана идејата која е содржана низ процесот на метаморфоза и трансформација на духовните и традиционални вредности, прикажанио преку играта на човекот-дете, преку полното и празното, преку блискоста и далечината, рече промоторката.
Скулпторката Валентина Каранфилова-Стевановска има учествувано на повеќе групни изложби, а оваа и е 12 самостојна. Позната е по изработката на споменикот на Александар Македонски - Воин на коњ и фонтана во центарот на Скопје и на уште неколку споменици.
Миле Брцески учествувал на повеќе групни изложби, а оваа му е втора самостојна, по првата која ја имаше во 2015 година во Прилеп. Автор е на повеќе скулптури поставени на јавни места и во институции во Скопје.
Нивната изложба во Ликовниот салон во Велес за отворена ја прогласи Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Изненаден сум од Главчев дека ќе нема промена на позициите
-
ЗНАМ го достави текстот на Платформата за национално обединување до ВМРО-ДПМНЕ
-
Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата, рекоа вработени во Улици и патишта
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Кривична пријава за полицаецот кој го пропуштил Груби на граница
-
СДСМ обвинува за политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за бегството на Груби
-
Вања и Панче биле убиени свирепо со ист калибар на оружје
-
Сложени ТАВИ процедури во Систина