Македонија
26. November 2015 - 8:30

Изложба на Сафет Спахиу во КИЦ во Скопје

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на слики на Сафет Спахиу. 

На изложбата авторот ќе се претстави со 24 дела работени во комбинирана техника, создадени од 2013 до 2015 година. 

Изложбата ќе биде отворена до 5 декември.