Изложба на колажи од Тања Таневска во Чифте амам
Изложба на седумдесетина колажи од Тања Таневска, насловена „Ликовна симфонија на душата“, вечер во 19.30 часот ќе биде отворена во галеријата Чифте амам во организација на Националната галерија на Македонија (НГМ).
Колажите се изработени во изминатите седум години и со нив, како што наведува НГМ, авторката го проширува ликовниот репертоар со нови изразни можности, впечатливи, визуелни и естетски проникнувања, вметнување ликовен говор на материјалите.
- Таневска ја потврдува иновативната и експериментална природа, покажува дека освен што поседува неисцрпна инспирација, таа ја потврдува и сопствената неисцрпна енергија, соопшти НГМ во најавата на изложбата.
Тања Таневска досега реализирала 25 самостојни изложби во Македонија, а изложувала и во Париз, Берлин, Дрезден, Белград, Загреб, Марибор. Учествувала на повеќе од 220 групни изложби во земјава и странство. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари