Македонија
4. јуни 2016 - 10:37

Изложба на колажи од ликовниот уметник Снежана Манасиќ

Изложбата на колажи „Срцебиење“ од ликовниот уметник Снежана Манасиќ од Панчево, Република Србија синоќа беше отворена во кавадаречката Музеј галерија. 

Пртеставен е најновиот циклус на 44 дела создадени во 2015 година. Во делата се вметнати најразлични текстури и материјал, како што е песокот.

- Манасиќ има дипломирано на Академијата за конзервација и реставрација во Белград и го надополнува образованието на Универзитетот за култура и медиуми во Нови Сад. Активно се претставува во јавноста уште во 1993 година и има остварено преку 40 групни, како и десетина самостојни изложби. Учествува на многубројни ликовни колонии како во Србија, така и во странство, рече Трајче Цветков, историчар на уметноста при Музејот, кој ја отвори изложбата и ги нагласи силните емоции и палета од бои во колажите.

Цветков истакна дека Манасиќ е веќе позната за македонската публика преку учество на ликовната колонија „Кожуф“ во 2014 година, како и преку неколку групни изложби во повеќе градови во Македонија. Ова е нејзино прво самостојно претставување пред македонската културна јавност.