Изложба на карикатури на тема „Демократија“ во галеријата „Остен“
Во галеријата „Остен“ денеска напладне ќе биде отворена изложба на карикатури кои учествуваа на меѓународниот конкурс за дигитална карикатура на тема „Демократија“. „Остен арт“ го спроведе конкурсот во соработка со Американската амбасада преку онлајн платформата osten4art.
- Ќе бидат изложени карикатури на истакнати карикатуристи од светот, низ кои овие генијални умови на искрен, бескомпромисен и духовит начин ја отсликаа демократската реалност во која живееме. Ова е ретка можност за сите љубители на карикатурата и сатиричниот цртеж, како и оние на кои овој медиум на изразување им е непознат, да бидат дел од несекојдневен настан кој ќе ги разбранува или потврди нивните сфаќања за поимот демократија, соопшти „Остен“.
Изложбата е дел од проектот „Доза сатира за здрава демократија" кој беше активен во последните шест месеци преку инфо-работилници одржани во американските катчиња во Битола, Тетово, Штип и Скопје.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло