-->
-->
Изложба на фотографот Александар Ѓорѓиев во Прилеп
-->
Делата на фотографот Александар Ѓорѓиев се доказ за уникатно откривање на ретка техника на спојување на фотографијата и сликарството, рече писателот Јордан Плевнеш кој синоќа во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ја отвори изложбата на фотографии „Анаграми за себепрепознавање“ од овој познат македонски фотограф.
Со дваесет дела, фотографии, Ѓорѓиев првпат се претстави пред публиката во својот роден град. За авторот ова е потврда на неговите истражувања.
- Во време на експанзија на технологијата и многубројните дигитални информации, ја почувствував потребата да се искористат новите можности и да ги поврзам со мојата љубов кон визуелното, креативноста и комбинирањето на различните медиуми. Користев мотиви од македонското античко, ранохристијанско и средновековно наследство, изјави Ѓорѓиев кому посебно му е мило што се претстави во родниот Прилеп.
Изложбата содржи 20 фотографии и е дел од манифестацијата „Прилепско културно лето“.
Ѓорѓиев има богато професионално искуство како фотограф. Работел во „Нова Македонија“, во „Екран“. Неговите фотографии се дел од монографиите „Слики со историска содржина“ за Музејот на македонската борба за државност и самостојност и во монографијата за овој Музеј, негови се фотографиите во „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, го илустрирал „Македонскиот традиционален готвач“, потоа „Охридските пораки за мир и соживот“, „Градски трговски центар“.
Соработувал на фотографијата за филмовите: „Прашина“ на Милчо Манчевски, „Ангели на отпад“ на Димитар Османли и бил продуцент во филмот „Последниот валцер“ на Mладен Крстевски. Досега имал самостојни изложби во Словенија и во градови низ Македонија (Куманово, Крушево, Скопје и во Битола).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велешката болница доби два нови апарата, за ортопедски и за уролошки интервенции
-
Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“
-
Приведен кавадарчанец, со возило се движел по улицата каде се одржувал „Кавадаречки полумаратон“
-
Општина Аеродром казни угостителски објект со 6.000 евра за бучава поголема од дозволеното
-
Од утре попладне дожд, во сабота 28 степени
-
Тешка сообраќајка на влезот во Битола, две жртви и едно тешко повредено лице
-
Приведени дрвокрадци во неготинско, следува пријава
-
Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ