Изложба на фотографии од Македонија од Првата светска војна
По повод одбележувањето 100 години од настаните поврзани со Првата светска војна, денеска во Воениот музеј ќе биде отворена изложбата „Американскиот Црвен крст во Македонија за време на Првата светска војна“.
Претставена ќе биде колекција на досега необјавени фотографии од Македонија од познатиот американски фотограф Мерл Ле Вој, пионер на американската документарна кинематографија и фотографија. Фотографиите се дел од збирките на Националниот музеј на здравство и медицина од Вашингтон, снимени во Македонија за време на Првата светска војна.
Изложбата ќе ја отворат министерот за одбрана Зоран Јолевски и амбасадорот на САД Џес Бејли, а ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, како и претставници на воено-дипломатскиот кор во Македонија.
Ново на Сител
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ