Изложба на фотографии „Липицанци“ од Аленка Славинец
Во организација на Словенечката Амбасада во Македонија, по повод 25-годишнината од меѓународното признавање на Словенија денеска во Скопје беше отворена изложбата на фотографии насловена „Липицанци“ од фотографката Аленка Славинец.
Изложбата ја отвори амбасадорот на Словенија во Македонија, проф.Милан Јазбец, кој истакна дека таа претставува уникатно, креативно сеќавање на периодот од осамостојувањето на Словенија.
Изложбата ја сочинуваат 20 фотографии од расата на коњи Липицанци, во кои авторката умешно го доловува духот и суштината на оваа прекрасна раса, која воедно го претставува словенечкиот дух.
Словенија се осамостои на 25-ти јуни 1991 година, но е меѓународно признаена речиси шест месеци подоцна на 15-ти јануари, 1992 година. Со оваа изложба беше одбележана и 20-годишнината од Словенечката независност во Вашингтон.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата