Изложба на етнолошки предмети подарени на Музејот на Град Скопје
Во Музеј на Град Скопје вечер ќе биде отворена изложба „Дарови“ на авторите Славица Христова, Татјана Ѓорѓиовска и Оливера Џартовска-Тачевска. Ќе биде презентиран избор на различни етнолошки предмети кои се подарени на Музејот на град Скопје од жители на градот и неговата околина.
Етнолошката збирка на Музејот на град Скопје почнала да се формира во 1950-тите и во текот на годините се збогатувала со откупени предмети, но и донации од поеднинци, фабрики и претпријатија, како и етнолошки материјал собран на теренски истражувања.
Како што информира Музејот, подарените предмети се собирани постојано од формирање на етнолошката збирка во Музејот, но најголемите донации се поврзани со неколку научни проекти и изложби на етнолошкото одделение во првите две децении на 21 век. Во даровите се вбројуваат техничи апарати, збирки од облека, покуќнина, мебел, предмети од индустриско производство.
- Чинот на дарување на предмети во музејот, е различен од востановената шема на даровната размена. Тука не се очекува возвраќање со дар. Но, сепак, се очекува некаков реципроцитет односно некаква форма на репетитивност. Репетитивност во облик на признание, заведување на сопственоста, потеклото и приказната на даруваниот предмет. Изложбата „Дарови“ ја остварува репетитивноста во облик на презентирање на даруваните предмети и раскажување на нивната приказна. Истражувањата за предметите секогаш можат да се надополнат, да се збогатат со нови информации за самиот предмет, но и за сеќавањата, емоциите и личниот контекст кои го имал предметот со дарителот., соопшти Музејот на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Две 50-годишни скопјанки се истепале за паркинг во Карпош
-
Џејмс го престигна Данкан по број на победи во НБА
-
„Мртов Саздо добар Саздо“ и „Илирида“ ечат во Тетово | ВИДЕО
-
60-годишник си изградил хотел без никакви документи во Старата скопска чаршија
-
Мицотакис: Турција инсистира на своите позиции, а ние на нашите
-
Германија се соочува со сериозен недостиг на кадри во областа на социјалните услуги
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија, Крушево и Виница
-
Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет