Изложба на дела од Влахо Буковац, основоположник на хрватската модерна уметност
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на музеите, Националната галерија на Македонија вечер од 20 часот во Мала станица ќе ја отвори изложбата „Влахо Буковац – ремек-дела од ризницата на Националната галерија на Македонија“.
Покрај Буковац, на изложбата ќе бидат претставени и дела од опусот на други хрватски автори кои твореле во истиот период и кои се дел од колекцијата на НГМ.
Македонската јавност, како што соопшти НГМ, ќе има можност да види дела со голема историска и уметничка вредност, а кои досега не биле презентирани и се недоволно познати.
Влахо Буковац (1855-1922) е основоположник и еден од главните претставници на хрватската модерна уметност и е најистакнатиот хрватски сликар од преминот на 19-тиот во 20 век.
- Иако учел кај големи имиња на академизмот, во подоцнежниот период од неговата кариера врз него влијаеле и новите генерации модерни уметници, па во неговите доцни дела може да се забележи експресионистички допир на четката, како и користење техника блиска до поентилизмот, наведува НГМ за првото претставување на Буковац пред македонската публика.
Поставката „Влахо Буковац – ремек-дела од ризницата на Националната галерија на Маедонија“ ќе биде затворена со предавање на кустосот на изложбата, д-р Кирил Пенушлиски, за што НГМ дополнително ќе информира.
Ново на Сител
-
Украина прогласи висок степен на тревога
-
Локализиран е пожарот на планината Беласица
-
Во Берово најстудено со - 6, во Гевгелија измерени 5 степени Целзиусови
-
Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
-
Патот Кратово - Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени