Изложба на дела од Славко Јаневски и Томе Серафимовски

Масла на платно од Славко Јаневски и скулптури во бронза од Томе Серафимовски ќе бидат претставени на изложба која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Музејот на град Скопје.
Организатор на изложбата е Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“ која соопшти дека ќе бидат претставени повеќе од 50 дела на овие двајца бардови на македонската култура.
Куратор на изложбата е Емил Алексиев, за делата и уметниците ќе говорат Кирил Пенушлиски и Ерол Ризаов, стихови од Јаневски ќе чита Висар Вишка во музичка придружба на гитаристот Тони Китановски.
- За разлика од творештвото на Серафимовски, ликовното дело на Славко Јаневски помалку ѝ е познато на јавноста и ова ќе биде уникатна можност публиката одблиску да се запознае со овој сегмент од уметничкото творештво на нашиот великан, соопшти Фондацијата „Славко Јаневски“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
